Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина милијарди долари секоја година исчезнуваат од Македонија

Половина милијарди долари секоја година исчезнуваат од Македонија
Американската организација „Глобал фајненшл интегрити“ во својот извештај констатира дека од Македонија годишно исчезнуваат во просек 461 милион долари. Нашата земја е рангирана на 76 место од вкупно 143 земји од кои нелегално се влечат пари, а анализта се однесува на периодот од 2001 до 2010 година. Со дури пет милијарди исчезнати долари, Србија е најлошо рангирана од балканските земји, што ја смести на високото 16 место, Бугарија  е 38-то, едно место подолу е Хрватска, Црна Гора на 50-то, Романија на 55-то, Босна на 57-то, додека Албанија е рангирана на 106-то место. Просечните суми извлечени пари се добиени преку споредба на различни податоци во увозот и извозот на секоја земја посебно, кои покажуваат дека компаниите пријавиле помал извоз и заработка од реалната, или дека увезле и платиле значително повеќе од вистинската вредност.
Слично

Поврзани вести