Половина „Милениумски крст“ не работи по грмотевиците над Скопје
Осветлувањето на десната половина од „Милениумскиот крст“ на Водно се уште не работи, откако пред неколку дена во текот на ноќта имаше силни грмотевици над главниот град.
Одговорноста за оддржување на милениумскиот крст е под надлежност на ЈСП Скопје, а оттаму не известија дека се работи за дефект.
– Се работи за краток дефект на десната страна на крстот и нашите екипи веќе работат на негово отстранување. До вечер проблемот ќе се реши и крстот ќе светне – изјави за „слободен печат“ Деспина Трајкова Димова од ЈСП-Скопје.
Слично
