Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полошкиот регион официјално побара зимски распуст од два месеци

Полошкиот регион официјално побара зимски распуст од два месеци

Деветте општини од Полошкиот регион официјално поднесоа барање до Министерството за образование, зимскиот распуст да го опфати цел декември и јануари за учениците од основните и средните училишта во Полошко поради високите сметки за струја.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека изгубените часови ќе се надоместат со продолжување на наставата во текот на летото или преку онлајн-часови. Летниот распуст во тој случај би започнал на 1 јули.

„Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, рече Таравари.

Слично

Поврзани вести