ПОЛНИ АВИОНИ СО ПОЛСКИ ТУРИСТИ - Заев го нуди Охрид како безбедна дестинација
Премиерот Зоран Заев денеска на средба на претставници на 40 тур оператори и на хотелиери од Полска, во организација на хотелската асоцијација ХОТАМ, што се одржа во Струга.
Како што информираат од Владата, на средбата, која се организирала во соработка и со полската агенција Рего Бис, која неделно има три чартер линии за Охрид од Варшава и Катовице, со кои овие денови пристигнаа првите туристи од Полска во Струга и Охрид, премиерот Заев рекол дека бројот на туристите од оваа земја од 2017 до 2019 година е во континуиран пораст.
Во обраќањето до полските тур оператори и хотелиери Заев изразил уверување дека авио линиите Варшава - Скопје, Варшава – Охрид, како и чартер летовите Катовице - Охрид се основа за реален оптимизам и дека актуелната летна сезона ќе донесе поголем број полски туристи.

Заедно со маркичката за Сигурно патување (Safe Travel) која потврдува дека Северна Македонија ги применува истите протоколи како повеќе од 100 светски туристички дестинации за безбедност утврдени од Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) за 2021 година, кампањата е чекор повеќе кон целта оваа година да порасне бројот на туристи од Полска кои учествуваат со 5 отсто во вкупниот број на странски туристи и приближно 7 отсто од вкупните остварени ноќевања што ја вбројуваат меѓу првите пет земји кои според бројот на туристи летуваат во Охридскиот Регион“, се вели во владиното соопштение.
На средбата во име на гостите од Полска се обратијле Павел Ниевиадомски, главен претседател на Европската асоцијација на туроператори и туристички агенции, и Габриела Манка Сокулу сопственик на туроператорот Рего Бис.
