ПОЛИТИКОЛОГОТ ЃЕТА ОЦЕНУВА-ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ БИ СТАНАЛ БЕСКОНЕЧЕН: Критика за францускиот предлог
-Целта на
Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со Северна
Македонија. Би било проблематично, за првпат билатерален проблем меѓу
две држави да се вклучи во преговарачката рамка на целата Унија. Тоа ризикува
да го направи преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ во бесконечен
процес. Овој пакет, дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане
неспроведлив, како што се случи со Заедницата на српски општини на северот на
Косово. На францускиот предлог повеќе гледам како на клинец (шајка) во процесот
на проширување на ЕУ во Западен Балкан отколку како решение на проблемот,
оценува познатиот албански политиколог Алтин Ѓета во скајп интервју за Ора њуз.
Според него, третманот на Албанија во пакет со Северна Македонија за интеграција станал проблематичен, но, разделувањето го смета за тешко.
Politologu kritik ndaj propozimit francez: Gozhdë në procesin e zgjerimit të BE në Ballkanin Perëndimor https://t.co/9GtW7RKtT6
— Altin Gjeta (@gjeta_altin) July 9, 2022
-Ова е спој кој стана проблематичен. Северна Македонија е блокирана од Бугарија, а следствено и Албанија е блокирана. Има простор да се разговара за идејата за одвојување на двете земји доколку проблемот остане, но, тоа е тежок процес. Одвојувањето на двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и процесот на проширување. Унијата тешко е да го прифати тоа и си пука во нога, посочува Ѓета.
Додава дека со ова темпо, на Албанија ќе и требаат уште најмалку 20 години за да стане полноправна членка на ЕУ.
