ПОЛИТИКО: ЕУ и Западен Балкан мораат да измислат целосно нов начин за соработка
Едноставно, ЕУ и Западен Балкан мораат да измислат целосно нов начин за соработка. Шест земји од регионот би можеле да пронајдат нови полиња во политиката кои би можеле да ги интегрираат во ЕУ без формален пристап, а ЕУ би можела да ги охрабри таквите напори со експертиза и ресурси, пишува францускиот весник „Политико“, а пренесува „Блиц“.
Не само што членството во ЕУ е далеку за овие две држави од Западен Балкан, Македонија и Албанија, туку и останатите веќе полека, но сигурно губат надеж.
Но, тоа не значи дека мора да биде толку лошо. Фактот дека членките како Франција не можат да се сложат и да ја поддржат одлуката на Европската комисија, која претходно оцени дека и Македонија и Албанија ги исполнуваат критериумите за почеток на преговори, навистина значи криза.
Тоа зборува за тоа дека некои од владите на ЕУ не веруваат во работата на ЕК, што го прави процесот за проширување на Унијата непредвидлив.
