Економија, финансии, бизнис

Контакт

Politico: Кога Македонија и земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ?

Politico: Кога Македонија и земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ?

Македонија би станала членка на Европската унија (ЕУ) по 2030-та година, пишува европското издание на Politico.

Земјите од регионот тоа би го направиле за  пет години порано, односно по 2025-та година, наведува изданието.  

Шансите кои Politico и ги дава на земјата за членство се 50 %, и оценува дека како предност е тоа што во Македонија има помалку внатрешни проблеми отколку Босна и Херцеговина. 

„Преговорите за членство одат многу бавно. Грција не го признава дури ни името Македонија, кое го смета како закана за територијалниот интегритет на сопствената покраина со истото име. Македонија исто така има голем број на несогласувања со Бугарија, а покрајт тоа постојат и сериозно обвинувањата кои се однесуваат на непочитувањето на владеењето на правото“-пишува Politico.

Прв кандидат за членство би можела да биде Албанија, која веќе е членка на НАТО и е „ослободена од југословенските војни од 90-тите години“. Politico наведува дека од земјите од Западен Балкан, Албанија би можела прва да стигне до членство во ЕУ, односно по 2025-та година, додека Црна Гора, Србија и Косово тоа би требало да го достигнат по 2027-та година.



Слично

Поврзани вести