Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политички рикошети од пукањето на струмичкиот полицаец

Политички рикошети од пукањето на струмичкиот полицаец

Пукањето врз двајца малолетници од полицискиот службеник во Струмица продолжува да ја бранува јавноста но, и да добива политичка димензија пред се од страна на опозицијата која ја обвини власта на Заев за неконтрола и дивеење на полицијата под раководство на новопоставениот началник и бараат одговорност и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Вчера во Струмица група на млади луѓе одржаа и протест на кој побараа одговорност од струмичката полиција. 

- Јавноста е згрозена од фактот на полициската бруталност, односно употреба на оружје во полициска постапка против малолетници во која според достапните информации учествувале четири малолетни лица од кои две се тешко повредени. Бараме од Јавното обвнителство од Службата на внатрешната контрола на МВР и сите надлежни органи во најскоро време целосно да го расветлат конкретниот случај особено да ја утврдат исправноста во употребата на присилната мерка, беше истакнато на протестот против полициска бруталност во Струмица.

Граѓаните на протестот побараа, началникот на СВР Струмица да ја преземе целосно одговорноста за постапката на полициските службеници, да поднесе морална оставка доколку не успее да образложи дали постои јасна визија и стратегија за безбедноста во спречување и справување со криминалот во регионот.

Инаку МВР поднесе кривична пријава и поведе дисциплинска мерка против полицаецот за кој ќе се утврдува дали ги пречекорил овластувањата и дали применил несоодветна сила. 

Македонскиот полициски синдикат пак, смета дека нивниот колега не треба однапред да биде осуден туку фер да се постапува без притисоци побараа случајот да не добива политичка димензија за партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ, пак продолжува со своите партиски прес конференции на кои посочуваат дека токму овој инцидент бил доказ за хаосот кој наводно владеел во МВР.

Слично

Поврзани вести