Политичка партија четири пати се јавувала во полициската станица во Кочани
МВР информира дека денеска во периодот од 11.00 до 12.00 часот се пристигнати дури пет пријави за изборни нерегуларности во полициската станица во Кочани, по што дополнително ќе се утврдува фактичката ситуација.
Од политичка партија било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани и дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице.
Од политичка партија во Кочани било пријавено и дека три лица со патничко возило во населба Оризари носат организирано гласачи на гласање и дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право.
П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари.
