Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ РАДУВААТ НА СВОИТЕ ПРВАЧИЊА - Христијан Мицкоски и Влатко Ѓорчев им посакаа среќа на учениците

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ РАДУВААТ НА СВОИТЕ ПРВАЧИЊА - Христијан Мицкоски и Влатко Ѓорчев им посакаа среќа на учениците

За многу од родителите, денешниот први септември има големо значење. Нивните дечиња го имаат првиот училишен ден, а радоста на родителите и желбите за добри оценки и успешно чекорење низ животот се неизоставни.

Денеска своите првачиња во училиште ги испратија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и неговиот сопартиев и поранешен пратеник, Влатко Ѓорчев.

„Првиот училишен ден на Антониј.

Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш.

И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца“, напиша Мицкоски на фејсбук објавувајќи и фотографија.

„Прваче. : ))

Среќно ќерко!!“, објави Ѓорчев.


Слично

Поврзани вести