Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичари од регионот го потврдуваат присуството на инаугурацијата на Пендаровски

Политичари од регионот го потврдуваат присуството на инаугурацијата на Пендаровски


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, официјално ќе ја објави инаугурацијата на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, во неделата на пладне.

Спикерот рече дека потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски е пристигната од бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи. Исто така присутни ќе бидат и заменик-премиерот на Турција и делегација на Словенија, за која се уште не се нзае дали ќе ја предводи премиерот Борут Пахор.

Поканата за присуство на инаугурацијата преку МНР беше испратена и до сите шефови на земјите членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на ЕУ, како и државите од регионот.

"Досега беше потврдено присуството на претседатели на Бугарија, Албанија и Косово, Радев, Мета и Тачи, турскиот вицепремиер и словенечка делегација", рече Џафери.


Слично

Поврзани вести