Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичари и анти-коцкари се „ценкаат“ за оддалеченоста на обложувалниците и коцкарниците

Политичари и анти-коцкари се „ценкаат“ за оддалеченоста на обложувалниците и коцкарниците

Претаникот во македонското Собрание, од редовите на ДУИ, Реџаил Исмаили, за Радио Слободна Европа ијави дека секојдневно прима поплаки од семејства кои имаат проблеми со коцкањето и обложувањето како еден од предлагачите на законот со кој ќе се бара овие активности да се одржуваат само надвор од населените места.

Вели дека пратениците кои работат на овој закон не се залагаат за радикално решение како во Албанија, која од Нова Година целосно ги забрани казината и спортските обложувалници, но оти проблемот станал премногу сериозен и мора да се реши. 

Според него, целта на овој закон ќе биде да се намалат шансите на минимум младите да дојдат до контакт со овие објекти.

„Секојдневно имаме телефонски повици и состаноци со дел од семејствата што имаат проблеми со коцкањето и тоа се загрижувачки податоци. Затоа ние мислиме дека треба што поскоро да се најде начин како да го решиме овој проблем. Дури некои семејства трагично завршиле со ваквите работи“, изјави Исмаили.за Радио Слободна Европа.

Новиот закон за игри на среќа се најавува уште од пред седум месеци, а од движењето „Антикоцкање“ кое е најголем иницијатор на овој закон велат дека ќе се радикализираат, доколку не се превеме нешто конкретно, бидејќи како што велат од таму, против големиот број на објекти а коцкање и обложување во близина на училишта и факултети се и поповите и оџите.

Од таму бараат коцкањето да се пресели на три километри надвор од населените места, додека од политичките партии инсистираат дека е доволно тоа да биде еден километар.

- Настапуваме со наши амандмани и предог-закон, а од политичките лидери се немаат ијаснето само уште Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Наскоро ќе имаме состанок со политичките лидери и работите ќе бидат појасни околу законот. Многу е важно да има закон, а ќе се најдеме некаде на средина за тоа каков ќе биде. Ова е барање од народот. На последниот протест на 21 декември поддршка имавме и од Исламската верска заедница и од Македонската православна црква - вели денеска лидерот на движењето Џемал Абдиу за Канал 5.

Пратеници предлагаат закон, според кој коцкарниците и спортските обложувалници ќе треба да бидат оддалечени од кругот на училишта, градинките, факултети и други образовно-воспитни установи, додека од движењето бараат да бидат опфатени и верските објекти.

Практично, концентрацијата на спортски обложувалници ќе биде на периферијата на градовите, а казина, пак, нема да може да се отворат ниту во хотелите во центарот на градот.


Слично

Поврзани вести