Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицискиот службеник избоден од син на советник во МВР е контактибилен

Полицискиот службеник избоден од син на советник во МВР е контактибилен

Полицискиот службеник кој беше избоден со нож од син на советник во Министерството за внатрешни работи е во стабилна состојба и е контактибилен, објави Телма.

Филип Филиповски, вработен во управните служби на МВР, во моментот е сместен на клиниката КАРИЛ, откако во петокот со нож беше прободен од две момчиња во скопско Марино.

Еден од напаѓачите е син на Ѕвонко Цветковски, полициски советник во МВР, кој воедно е и поранешен градоначалник на општина Петровец, а беше и кандидат на СДСМ за истата функција на последните локални избори.

Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека „МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното“.

- Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе. Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта. Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба. Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа да му извадат еден бубрег и слезина, рече тој.

Ѓорѓиевски посочи дека луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.


Слично

Поврзани вести