Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицискиот „Ренџ ровер“ бил во Скопје, но дали бил во Грција се истражува

Полицискиот „Ренџ ровер“ бил во Скопје, но дали бил во Грција се истражува

Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите објавија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството.

„Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје“- нагласуваат од Министерството.

Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.

„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, е забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Слично

Поврзани вести