ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС СКРАТЕН: Ова се најновите мерки усвоени од Владата
Владата во Скопје одлучи да го скрати траењето на полицискиот час на четири часа, но оваа одлука ќе се реализира од 13 мај, поради Рамазан Бајрам.
Ова значи дека нема да има полициски час во ноќта меѓу 12 и 13 мај.
Согласно одлуката за скратување на полицискиот час, одлучено е од денес, угостителските објекти да бидат отворени до 23:30 часот.
Од денес ќе се отворат спортските сали и фитнес центри, кои ќе треба да ги почитуваат епидемиолошките мерки.
Слично
