Полициски час од полноќ ќе има до вторник, од среда нови правила
Откако вчера немаше никакво ограничување во движењето поради празникот Рамазан Бајрам од денеска на полноќ стапува на сила ограничувањето во движењето и ќе трае до 4 часот изутрина. Новите мерки ќе бидат на сила до 18 мај 2021 година односно до вторник. Претходно во понеделник ќе има нов предлог за ограничувањата и се очекува, ако остане трендот на помалку новозаболени и хоспитализирани, да се донесе одлука за укинување на полицискиот час. Граѓаните и сега коментираат дека ограничување од 24 часот до 4 часот е како воопшто да го нема.
Инаку од вчера угостителските објекти работат само во отворениот дел односно на летни тераси, градини, а не во затворениот дел и тоа до 23:30 часот.
Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на затворениот простор. Отворени се и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.
Беше одлучено и за зголемување на бројот на децата во градинките.
