Полициски службеници на распит во Обвинителството поради снимката за „Поткуп“
Полициски службеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“.
Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека се работи за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени.
Станува збор за снимка објавена пред десетина дена на еден портал, интегрална снимка од пред неколку години во врска со водената истрага за случајот „Поткуп“ во кој наводно е инволвиран и поранешниот премиер Зоран Заев.
Слично
