Полициски службеници користеле опојни дроги?
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање даде детали за полициската акција која е спроведена во секторот за внатрешни работи во Тетово, но и во други организациони единици на МВР, а по повод информациите дека полициски службеници користеле опојни дроги.
Спасовски вели дека е извршена контрола на 23 полициски службеници во СВР Тетово, но и во одделението за организиран криминал.
„Контролата се однесува на можна употреба на опојни дроги. Имаме информации од три извори за користење на опојни дроги. На основа на тие информации, врз основа на сите прописи е направена контрола на овие полициски службеници на Институтот за судска медицина за да биде утврдено дали има присуство на опојни дроги и кои се. Доколку се потврди ќе бидат преземени соодветни мерки“ – рече Спасовски.
Тој додаде дека е апсолутно недозволено припадници на полицијата да користат дрога.
