Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полициски хеликоптер помага во гаснење на пожарот кај Ајватовци

Полициски хеликоптер помага во гаснење на пожарот кај Ајватовци

Се разгоре пожарот кај Ајватовци, поради што е активиран хеликоптер на полицијата. 

Хеликоптерот имал прецизно дејство врз пожарот со исфрлување на вода.

„Поради разгорување на пожарот на кракот кој не беше изгаснат и опасност од неговото повторно проширување, итно е ангажиран еден полициски хеликоптер. На терен се скопските пожарникари, доброволци и локалното население“, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Опожарени се трева и нискостеблести растенија. Вчера имаше повеќе пожари во Македонија. Гореше и во Чешиново - Облешево. Пожари имаше на повеќе локации во Битола.

фото ЦУК

Слично

Поврзани вести