Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полициски час вечерва повторно од 21 часот

Полициски час вечерва повторно од 21 часот

Движењето на граѓаните на територијата на цела држава вечерва е дозволено повторно до 21.00. Полицискиот час, како и во изминатиот период почнува од 21.00 и трае до 05.00 часот узутрина. Властите дозволија слободно движење само за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, па така синоќа граѓаните имаа можност христовото воскресение да го прослават со кршење велигденски јајца во црквите и храмовите, токму на полноќ.

Лани, со цел да се спречи ширење на корона вирусот, за велигденските празници на сила беше полициски час кој траеше четири дена.

Оваа година властите одлучија да има слободно движење, но упатија повици граѓаните да празнуваат одговорно и да ги почитуваат мерките за заштита.

Заклучно со 15.мај ќе важат рестриктивните мерки, а потоа, како што најавија здравствените власти, согласно анализите од епидемиолошката состојба во Македонија ќе одлучуваат за нови мерки.

Ако ситуацијата дозволува, ќе следува олабавување на мерките, најавија тие.


Слично

Поврзани вести