Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ИЛИ НЕ - движењето сигурно ќе се ограничи, тоа многу им помогнало на Италијаните

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ИЛИ НЕ - движењето сигурно ќе се ограничи, тоа многу им помогнало на Италијаните

Дали Владата ќе донесе одлука за полициски час. 

Таа за ова ќе одлучува на седницата што ќе се одржи денеска попладне, а она што се знае е дека дефинитивно ќе се прави план за ограничивање на движењето.

Искуствата од Италија покажале дека тоа многу помага да се спречи ширењето на болеста.

„Ќе се прави оперативен план за ограничување на движењето. Според некои информации од Италија, по воведувањето на вакви мерки, ширењето драстично падналло во бројки, од 46 на 23 проценти“, вели министерот Никола Димитров.

Денеска попладне на седница на Влада ќе има образложение од Комисијата за борба против заразните болести, а ќе присуствуваат и претставници на врвните епидемиолози, кои ќе информираат од стручен аспект што тоа ќе значи и како ќе биде тоа најдобро да се организира. 

„Но, да не ги прејудицираме владините одлуки“, рече шефот на дипломатијата. 

Слично

Поврзани вести