Полициска престрелка во близина на Битола: Му пукале во нога и го уапсиле
Полицијата во самоодбрана во пелагониско му пукала во нога на крадец кој во овој регион дошол од Василево, по што 29-годишниот Г.П. бил уапсен. Претходно неколку дена се движел низ пелагониските села и им се заканувал на жителите со огнено оружје.
Како што известува МВР, против ранетиот следува кривична пријава за два обиди за убиство, тешки кражби и поседување оружје, лишено од слобода едно лице
„Во периодот од 02.07. до 07.07.2025 во атар на село Крклино, битолско, пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, додека во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво.
На 07.07.2025, исто така, во атар на село Долно Српци, пукал со пушката кон 22 -годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа на влез од село Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата, по што бил лишен од слобода.
Слично
