Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА И ПРЕТРЕСИ ВО МВР - се истражува Одделот за општи и заеднички работи при министерството

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА И ПРЕТРЕСИ ВО МВР - се истражува Одделот за општи и заеднички работи при министерството

олема полициска акција со која се „тресат“ самите канцеларии на повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално акцијата е дел од истрага за наводни злоупотреби поврзани со тендерските постапки за сервисирање на службените возила на полицијата. Се шпекулира дека истовремено, претреси биле извршени и во неколку економски оператори, меѓу кои и добро познати автосервиси, кои со години наназад ги одржувале полициските возила.

Од МВР со кусо објаснување ја потврдуваат полициската акција која се спроведува денеска и е поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи. 

- Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР - потврдија од МВР.

Според се уште неофицијалните информации, како што објавија дел од медиумите, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Слично

Поврзани вести