Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦАЈЦИТЕ САКААТ ИСТИ ПРАВА И БЕНЕФИЦИИ КАКО ОНИЕ ВО АРМИЈАТА - еве што се бара околу бенефицираниот работен стаж

ПОЛИЦАЈЦИТЕ САКААТ ИСТИ ПРАВА И БЕНЕФИЦИИ КАКО ОНИЕ ВО АРМИЈАТА - еве што се бара околу бенефицираниот работен стаж

Независниот синдикат на Полицијата вчера во Струмица ја одржал првата седница на претседателството на НСП за 2025 година. 
Како главни точки за дискусија биле идните чекори кои НСП ќе ги преземе за приближување на правата, платите и условите за работа на припадниците во полицијата со припадниците на армијата.

„Во контекст на ова како синдикат во наредниот период ќе предложиме законски измени во делот на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во кои за припадниците на САЕ, ЕБР, ЕИП и Хеликоптерската единица ќе биде побарано да биде зголемена бенифицијата на стажот на 6 месеци за година по принципот на пресметка на стажот за сродните единици од армијата.

Дополнително беше донесена одлука за базирање на новиот Колективен договор на основата на Колективниот договор од армијата, но и обнова на нашите барања за можност за откуп на службеното оружје по пензионирање и задржување на поништена службена легитимација за кои немавме слух во минатото“, се ве,ли во објавата од Независниот синдикат на Полицијата.


Слично

Поврзани вести