Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата знае од каде се пратени мејловите со дојави за бомби

Полицијата знае од каде се пратени мејловите со дојави за бомби

Дојавите за бомби се лажни, веројатно се работи за хибридни напади, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако денеска втор ден по ред имаше дојави за бомби во училишта во Скопје. 

Спасовски во интервју за информативната емисија Win-Win даде повеќе детали. 

„Во најмала рака ова е монструозен чин, кој е веројатно дел од тие хибридни напади на кои сме изложени како држава. Ќе се анализираат и ќе ги дознаеме причините зошто е тоа така, дали се политички, геостратешки, бизнис причини... Тоа е најмалку важно, но она што го кажавте како констатација, ова троши време, енегија, ресурси, кои мора да бидат спроведени по целосниот протокол, без притоа да се импровизира во било кој поглед. Кога се случи со ЈСП – Скопје, мораше да направиме контрола врз сите автобуси коишто сообраќајат низ градот, колку и да имате првични проценки. Испраќачот е пронајден, а анализите покажуваат дека најверојатно се злоупотребени”, изјави министерот Спасовски.

Спасовски информираше дека во оваа фаза познато е кои се меиловите, од каде се пратени, и се знаат точните податоци, при што се работи интензивно, заедно со партнерските служби, сè со цел да се дојде до сторителот на едно вакво дело.

Слично

Поврзани вести