Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата знае кој е убиец на младиот фудбалер

Полицијата знае кој е убиец на младиот фудбалер

Полицијата го знае идентитетот на убиецот кој со пет куршуми во главата и телото го усмрти младиот поранешен фудбалер Мартин Јанушев пред неговиот дом во населбата Аеродром. 

Од МВР велат дека се работи за лицето Ф.С. против кое е поднесена кривична пријава и ќе биде распишана потерница.

Оттаму додаваат дека имаат индиции каде се наоѓа убиецот и работат на негово приведување. Министерот Оливер Спасовски рече дека не се работи за нарачано убиство.

Целиот случај доби и политичка позадина откако опозицијата тврдеше дека МВР наводно знае кој е убиецот но, го заштитува. МВР на ваквите обвинувања одговори дека се невистинити и дека не соопштува детали во интерес на истрагата. 

Исто така имаше и бројни шпекулации низ социјалните мрежи за извршителот, нарачателот и мотивот за убиството.

Сепак, бројот на испукани куршуми и блискоста до жртвата укажуваат дека убиството можеби е извршено во емотивен момент за сторителот и дека мотивот е личен, а не „професионален“ при што убијците најчесто се многу прецизни и испукуваат мал број на куршуми кон нарачаната мета. 

За овие теории мора да се дојде до одоговор во процесот на истрага и понатаму во кривичниот погон бидејќи јавноста беше многу вознемирена од убиството на млад човек и заслужува целосно расветлување на случајот.

Слично

Поврзани вести