Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата започна „да лови“ за лажно издавање на дозволи за работа во полициски час

Полицијата започна „да лови“ за лажно издавање на дозволи за работа во полициски час

Единица за економски и компјутерски криминал од СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна и работа. 

Второпријавениот, во два наврати бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа“. 


Слично

Поврзани вести