Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ВРАБОТУВА 600 ЛУЃЕ - 100 од нив ќе бидат во СВР Скопје

ПОЛИЦИЈАТА ВРАБОТУВА 600 ЛУЃЕ - 100 од нив ќе бидат во СВР Скопје

Дури 600 луѓе ќе бидат примени во полицијата. МВР денеска за тоа објави јавен оглас. 

„Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место ‚полицаец'“, се вели во соопштението од министерството. 

Од нив 100 лица ќе бидат вработени во СВР Скопје, а другите же бидат распределени во секторите нив државата, во регионалните центри, во одделите за заштита на личности, како и во единиците за распоредување и за специјални задачи.

За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје -------------------------------- 100 извршители

2. во Сектор за внатрешни работи Струмица ----------------------------- 50 извршители

3. во Сектор за внатрешни работи Охрид ---------------------------------- 50 извршители

4. во Сектор за внатрешни работи Битола --------------------------------- 50 извршители

5. во Сектор за внатрешни работи Тетово ----------------------------------30 извршители

6. во Сектор за внатрешни работи Велес ----------------------------------- 30 извршители

7. во Сектор за внатрешни работи Штип ----------------------------------- 30 извршители

8. во Сектор за внатрешни работи Куманово ----------------------------- 50 извршители

9. во Регионален центар за гранични работи Север -------------------- 50 извршители

10. во Регионален центар за гранични работи Запад -------------------- 30 извршители

11. во Регионален центар за гранични работи Југ ------------------------- 30 извршители

12. во Регионален центар за гранични работи Исток -------------------- 20 извршители

13. во Оддел за заштита на определени личности и објекти ----------- 30 извршители

14. во Единица за брзо распоредување ---------------------------------------- 30 извршители

15. во Единица за специјални задачи ------------------------------------------ 20 извршители.

„По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10 отсто поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести