Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО УЈП ВО ШТИП - поранешен раководител и друг вработен во управата се повикани на разговор

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО УЈП ВО ШТИП - поранешен раководител и друг вработен во управата се повикани на разговор

Регионалната телевиизија Стар, која емитува програма на територија на општина Штип и околината утрово јавува за апсења во тамошните канцелрии на Управата за јавни приходи. 

- Полиција во овој момент е во просториите на УЈП Штип, каде според неофицијални информации апси неколку лица. Помеѓу останатите се споменува и бивш раководител на оваа институција. Подетални информации подоцна - пишува во нивната објава. 

Детали за овој настан се уште не се споделуваат, но има бројни претпоставки за овие активности, но додека официјалните органи не излезат со повеќе информации, станува збор само за шпекулации. 

Дополнително од ТВ Стар споделија и видео од нивниот известувач пред просториите на УЈП, од каде беше укажано дека две лица се повикани на разговор, но никој од инситуциите се уште не споделува детали за овие разговори. 

Малку подоцна од објавата на регионалната телевизија пристигна потврда и од Министерството за внатрешни работи, но се уште без детали. 

- Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена - соопштуваат од МВР.

Еве ја објавата на ТВ Стар:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести