Полицијата влезе во Општина Кочани и ја чешла документацијата
Полицијата ги чешла документите во моментов во зградата на Општина Кочани, а информацијата е потврдена од МВР.
Влезени се претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.
Од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.
Слично
