На социјалните мрежи имаше видеа и постовиод активисти и симпатизери на опозицијата за наводно попречување и контроли од страна на МВР на патиштата низ Македонија, но без можност автентично да се потврдат за што се однесуваат.
Во изјавата за МКД.мк Ангеловски вели дека овие тврдења на граѓаните дека вооружени припадници на МВР, наводно, со блокади и зачестени контроли на автобуси запираат пристигања во главниот град на Македонија на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутни невистини и лаги.
