ПОЛИЦИЈАТА ВЕДНАШ ПРЕЗЕЛА МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ИСЧЕЗНАТОТО МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА: На шести месецов, Марко излегол од земјава и заминал во Бугарија
Министерството за внатрешни работи информира дека дваесет и деветгодишниот струмичанец на 6 декември влегол во Бугарија каде живее неговата мајка.
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
