Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата вчера казнуваше за непочитување на пешачки премин

Полицијата вчера казнуваше за непочитување на пешачки премин

МВР вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање за непропуштање на пешаците на пешачки премин и при тоа казнети биле 130 возачи, од кои 75 на територија на Скопје.

Полицијата информира и дека на територија на Скопје се изречени 32 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. 

„Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести