ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ СКОПЈАНЕЦ: Најдени се 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
Полицијата соопшти дека нашла околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, а уапсено е едно лице.
Полициски службеници од СВР Скопје денеска на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
Власта најави дека по трагедијата во Кочани, размислуваат за забрана за употреба на пиротехника во клубовте. Инаку, во дискотеката во Кочани, покривот се запали од искра од пиротехника.
Слично
