Полицијата упаднала во домот на Марјан Стаменковски сопственик на ДоказМ?
Полицијата попладнево упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае. Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.
Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.
„Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбљ на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка. Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки. Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР“, објави новинарот Бранко Героски на социјалните мрежи.

