Полицијата упадна на свадба во селото Неготино
Полицијата упадна на свадба во Гостиварско, при што е приведен сопственикот на ресторанот.
Против сопственикот на ресторанот во селото Неготино, полицијата поднесе кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„На 25 ноември во 14.20 часот полициски службеници од ПО Галате извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот и констатирале дека се одржува свадба“, велат од МВР.
На веселбата се затекнати повеќе лица, со што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.
Ова не е прв ваков случај во Македонија. Претходно, имаше повеќе растурени веселби во околината на Гостивар, но и во Скопје. Забранети се собири и веселби со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот.
Слично
