Полицијата „удри“ со казни за пешаците во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола на сообраќајот во Скопје биле казнети 44 пешаци.
Од вкупно 168 санкции, за возење повеќе од дозволената брзина имало 13 прекршоци, 10 за возење без возачка дозвола и четири за управување под дејство на алкохол.
Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), како 65 санкции за непрописно паркирање.
Слично
