Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИЛА ЛИХВАР ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - му нашле две одземени возила и многу пари

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИЛА ЛИХВАР ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - му нашле две одземени возила и многу пари

Полицијата фатила лихвар, на кого му пронашла две возила одземени од граѓани на кои им двал лихва и потоа заглавиле, но и пари.

„На 30.07.2021 во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станциа Свети Николе го лишиле од слобода О.Ц.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик. 

При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести