Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата уапси тројца скопјани кои краделе книги од Државниот архив

Полицијата уапси тројца скопјани кои краделе книги од Државниот архив

Полициски службеници утринава во 04:45 часот ги уапсија Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што украле книги од Државниот архив. 

Тинејџерите се уапсени на на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“.

„По претходно добиени сознанија е сопрено возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, се пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ“, информира полицијата. 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото МВР

Слично

Поврзани вести