Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата уапси тројца навивачи на Вардар синоќа пред интернационален натпревар

Полицијата уапси тројца навивачи на Вардар синоќа пред интернационален натпревар

МВР објави дека тројца навивачи синоќа биле уапсени пред фудбалскиот натпревар помеѓу Вардар и финскиот Купс во квалификациското коло од Лигата на Шампионите, од кои еден од нив нападнал полицаец.

„На 07.07.2026 во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 

Исто така, поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од с.Агино Село, кумановско и А.П.(25) од с.Миладиновци, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци“, информира полицијата во дневниот билтен.


Слично

Поврзани вести