Полицијата уапси три лица под сомнение дека запалиле багер во кругот на приватниот отпад во Визбегово
Спречен е нов голем пожар во Визбегово.
Полицијата вчеравечер уапси три лица под сомнение дека запалиле багер во кругот на приватниот отпад во Визбегово.
„Денеска на ул. „Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. На 1 јули 2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со автомобил “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Во мај таму имаше пожар.
фото МВР
