Полицијата уапси скопјанец кој се заканувал на вонбрачната партнерка
Полицијата уапси скопјанец кој се заканувал на вонбрачната партнерка, ѝ го искршил и мобилниот.
„На 19 септември 2025 во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.Б.(36) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:30 часот во домот и се заканувал на неговата вонбрачна партнерка и го скршил нејзиниот мобилен телефон“, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Полицијата информираше и за случај на семејно насилство во Кавадарци.
Слично
