Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата уапси разбојници кои украле паричник и мобилен телефон

Полицијата уапси разбојници кои украле паричник и мобилен телефон

Двајца скопјани прво му се заканиле, а потоа ограбиле малолетник, но подоцна полицијата ги приведе. 

На булеварот Крсте Мисирков во Скопје полицајци од СВР Скопје привеле двајца разбојници, А.Х. (25)  и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник. Разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Слично

Поврзани вести