Полицијата уапси петмина поврзани со инцидентот од Матка, со пиштоли биле нападнати вработени во планинарскиот дом
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се уапсени петмина поврзани со инцидентот вчера попладне кај кањонот Матка на туристичката локација крај Скопје, за кој излезе и видео на кое се слуша истрел од огнено оружје, а при тоа медиумите известуваа дека се работи за спор околу возењето со чамците наменети за туристи.
Полицијата известува дека од слобода се лишени С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од село Глумово и К.В.(24) од село Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“.
Синоќа ги пријавил нападнатиот С.С.(31) од Глумово, со објаснување до полицијата дека околу 15,00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека извесен М.С. пукал со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е.
Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
