ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка
Момче на возраст од 18 години кршело покуќнина и ја нападнало мајка си.
Во скопско село, вчера во 21 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот во семејниот дом агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината и со вратата ја потиснал раката на неговата 43-годишна мајка. Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе пријава. Секој ден во полициските билтени има пријави за семејно насилство.
Слично
