Полицијата уапси кумановец кој сакал да внесе транспарент со навредлива содржина на кошаркарскиот натпревар
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска уапсија триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина.
По расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Според полицијата, во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 2 август 2025 година во Спортската сала во Куманово во полициска станица се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор. Тие скандираа националистички пораки.
Слично
