Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата трага по убиецот на Јанушев, се истражуваат и мотивите

Полицијата трага по убиецот на Јанушев, се истражуваат и мотивите

Полицијата сѐ уште трага по убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев (28). Убиството се случило вчера околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров" во населбата Аеродром.

Тој со 4-5 куршуми во главата и вратот  бил пренесен во Градската болница, од каде во 18,45 часот лекарите соопштиле дека тој веќе бил донесен мртов, но  40 минути се обидувале да го реанимираат.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Обвинителството го завршило увидот на местото на несреќата. Трагите собрани од местото каде што се случи убиството се предадени на вештачење кое го наредил јавниот обвинител кој вчера до доцна во ноќта вршеше увид. Се истражуваат и мотивите за убиството. 

Јанушев бил фудбалер на клубот „Локомотива“.

Слично

Поврзани вести