Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата трага по скопски планинар во кавадаречко

Полицијата трага по скопски планинар во кавадаречко

Во кавадаречката околина утрово се трага по  планинар кој се изгубил кај врвот „Орле”.

Вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци е примено известување дека на пат кон врвот „Орле” кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје, информираат од полицијата. 

„Едно од нив веќе два дена било издвоено, додека четирите биле без храна и вода. Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, со цел пронаоѓање на лицата. Четирите од нив беа пронајдени, по петото се уште се трага“- велат од МВР.

Во потрагата покрај ловци и планинари е вклучен и хеликоптер на полицијата. 

Слично

Поврзани вести