Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“

Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“

Скандалите околу поправните домови и домовите за деца без родители не стивнуваат.

Во текот на вчерашниот ден штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ е пријавена за исчезната. Според информациите од МВР, вчера во 11 часот, во полициската станица Гази Баба раководителката на Домот пријавила дека на 8-ми март штитеничката на Домот со иницијали С.Р. се оддалечила во непознат правец.

Девојчето го напуштила домот и исчезнала на 8 март, а раководителите пријавиле дури после 12 дена. Се поставува прашањето зошто надлежните од домот молчеле чекале толку  долг период , иако според Законот за исчезнато лице се смета лице кое не се појавило повеќе од 24 часа.

Оваа непрофесионалност и неодговорност  на институциите во случајот со исчезнатите штитеници, оние за кои според Закон се одговорни да се грижат досега  е крајно алармантна. Ниту раководителите на домовите, ниту Царовска нема одговор за што се случува во овие установи кои наместо да ги згрижат децата ги оставаат на милост и немилост на улица. 


Слично

Поврзани вести