Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата трага по насилниците кои се закануваа во автобус

Полицијата трага по насилниците кои се закануваа во автобус

Полицијата трага по насилниците кои се закануваа во автобус на ЈСП, откако другите патници им реагираа да ги стават маските на носот и устата. 

Тие се закануваат дека ќе сечат глави, а за една од жените велат дека ќе ја топат во киселина. 

„Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима”, се вели во статусот објавен на Твитер.

Насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници. Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи попладнево, со осуда кон агресивните патници.

Слично

Поврзани вести